November 26, 2020 23:30
Македонија Скопје

Скопје е жариштето каде катадневно има најмногу заразени лица со коронавирусот

Од  новите 1.237 случаи на инфицирани лица со коронавирусот во Македонија, 506 случаи се евидентирани во Скопје. Главниот град предначи при катадневните извештаји од МЗ со заразени лица од коронавирусот. Скоро половина од новоинфицираните лицца секојдневно се граѓани од Скопје.

Активни случаи во моментов, во Скопје има 9.692, а по општини лидерската позиција ја презеде  Гази Баба со 1.437 случаи, пред Аеродром (1.410) кој долго време предначеше со бројката на заразени на својата нтериторија.

Следува Карпош со 1.201 случај, додека Кисела Вода и Центар имаат 1.195, односно 1.175.

Најмалку заразени лица со коронавирусот и натаму има во Арачиново, само 34 случаи.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје): Чаир – 607, Гази Баба – 1437, Аеродром -1410, Карпош – 1201, Центар – 1175, Кисела Вода – 1195, Ѓорче Петров – 791, Бутел – 534, Шуто Оризари – 165, Студеничани – 51, Сарај – 139, Арачиново -34, Илинден – 249, Сопиште – 63, Чучер Сандево – 106, Петровец –117, Зелениково -68, Странец – 171, Нераспределен- 179.