January 22, 2020 21:04
Скопје

Скопје вечерва 15 најзагаден град во светот

Скопје вечерва е 15. најзагаден град во светот, покажуваат податоците на интернет страницата Ер вижуал (www.airvisual.com). На врвот на листата, која го мери квалитетот на воздухот и загаденоста на градот, е Сараево (БиХ), втор е Њу Делхи (Индија), а трет Лахоре (Пакистан).

Апликацијата air.moepp.gov.mk, пак, најголема концентрација на ПМ10 честички на метар кубен вечерва во главниот град бележи кај Ректорат (174), во Центар (145) и во Карпош (136).

Од градовите во регионот, според податоците на страницата што се ажурирани пред 20 часот, Софија (Бугарија) е на шестото место, Приштина (Косово) е осма додека Белград (Србија) е на 11 место.

Нови вести

Се реконструира патот кон излетничкото место Три круши

Filip

Шилегов: Новиот в.д. директор на „Дрисла” денеска ја презема функцијата

Valentina

Нов кружен тек во Општина Чаир

Valentina