Search

Скопјанка убиена во Шутка, настрадала во кавга на скарани братучеди

Скопјанка била убиена вечерва во скопската населба Шуто Оризари, дознава 24 Инфо.

Според извори од истрагата, убиството се случило околу 22.30 часот. Жената (31) настрадала во тепачка меѓу двајца братучеди. Тие почнале расправија додека седеле и пиеле во дворот на едниот од нив.

Едниот заминал и се вратил со нож, а сопругата на едниот од братучедите се обидела да ги смири и раздвои. При тоа во гужвата налетала на ножот и загинала на самото место. По убиството интервенирала полицијата и ги привела братучедите.

Од МВР го потврдија убиството.

Според полицијата, две лица се приведени. Повеќе детали најавуваат за утре.

 

Треба да знаете
Последни објави