December 4, 2022 20:35
Хроника

Скопјанка прегазена од запрежна кола на пешачка патека во Кисела Вода

На 05.10.2022 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пешачката патека која се протега покрај ул.„Жил Верн” во Скопје, запрежно возило управувано од непознато лице кое го напуштило местото на несреќата, удрило во пешакот Љ.А.(75) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.