August 20, 2022 00:46
Хроника

Скопјанка на тротинет настрада во судир со велосипед на Партизанска

На 23.06.2022 околу 13.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на велосипедска патека на бул.„Партизански одреди” се случила сообраќајна несреќа помеѓу тротинет управуван од Г.Ј.(46) од Скопје и велосипедист Н.Б.(20) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.Ј.,  констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски”.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.