December 9, 2021 02:54
Хроника

Скопјанка на возраст од 74 години уапсена за затајување данок

Скопската полиција денеска уапсила две скопјанки, по кои биле распишани потерници за измама и даночно затајување.

Денеска (18.10.2021) во 13.45 часот во нас.Ќерамидница, од слобода била лишена В.А.(55) од Скопје, врз основа на централна потерница и наредба од Основно јавно обвинителство за спроведување на истражна постапка во врска со чл.247 од Кривичниот законик за „измама”.

Во 12.40 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги, на ул.„Народен Фронт” ја лишија од слобода Г.К.(74) од Скопје за која биле распишана централна потерница и наредба од Основно јавно обвинителство за истражна постапка во врска со чл.279 ст.2 од Кривичниот законик за „даночно затајување”.