Хроника

Скопјанка истепана во сопствениот козметички салон, друга изела ќотек на паркинг

Две скопјанки вчера биле тепани на јавно место, а ќотек вчера изеле и двајца нивни сограѓани во неколку инциденти во главниот град.

Скопјанката В.Т.(36) околу 13 часот пријавила дека околу 10.45 часот на булевар Илинден, по претходна расправија, била физички нападната од едно лице. Во 15 часот во СВР Скопје, С.Ѓ.(39) пријавила дека во салон за убавина во нејзина сопственост на булевар Видое Смилевски Бато, била физички нападната од К.Д.(42) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Од МВР информираат и за други два инцидента.

-На 21.05.2020 во 16.00 часот во СВР Скопје, Б.Ј.(45) од Скопје пријавил дека во 15.30 часот во продавница на булевар Јане Сандански бил физички нападнат од Д.Т. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во 19 часот во СВР Скопје, Б.Д.(46) од Скопје пријавил дека во 18.45 часот на паркинг на улицата Аминта Трети, по претходно случена сообраќајна незгода, бил физички нападнат од Л.Л.(35) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 4 и член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, велат од МВР.