April 5, 2020 01:28
Хроника

Скопјани фатени со 12 кг хероин во Црна Гора, ја скриле во бункер зад фар од „хјундаи“

Двајца скопјани се уапсени со 12 килограми хероин, денеска на преминот Кула, на границата меѓу Косово и Црна Гора, соопшти црногорската полицијата. Во заедничка акција на црногорската и македонската полиција, која траеле неколку месеци, уапсени се А.А. (28), кој управувал автомобил „хјундаи“, како и И.С. (23), која бла сопатничка во возилото. на границата меѓу Косово и Црна Гора.

„По деталниот преглед на возилото, во добро скриен и специјално изработен бункер, кој се наоѓал во задниот дел на автомобилот, зад фарот се пронајдени 24 пакувања со вкупно количество од околу 12 килограми хероин“, се вели во сопштението на црногорската полиција.