August 12, 2022 02:18
Хроника

Скопјанец со пиштол се заканувал на полицајци, изрешетан „мерцедес“ во Арачиново

Нема повредени во пукање во Арачиново, автомобил изгорел во Чаир, скопјанец со пиштол се заканувал на полицајци во Карпош…ова се дел од инцидентите кои се случиле вчера и ноќеска во Скопје.

-На 27.06.2022 во 06.35 часот на улица „Генерал Михајло Апостолски” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(54) од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и им се заканувал со пиштол. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Утрово околу 3 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „8 Септември” било пријавено дека кај нив на лекарски преглед се јавиле И.Е.(22) и А.Е.(18) од с.Арачиново, скопско и А.А.(20) од Скопје.

-Според пријавеното, на 26.02.2022 околу 22.00 часот во с.Арачиново, по претходна вербална расправија и нарушени семејни односи со И.Е., неговиот роднина Р.Е. со огнено оружје испукал кон патничко возило „мерцедес”, со скопски регистарски ознаки, во кое биле И.Е., А.Е. и А.А., но, според пријавеното, никој не бил повреден од пукањето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот,велат од МВР.

Околу  1.40 часот  било пријавено дека на улица „Крсте Асенов” настанал пожар во патничко возило „фолксваген”, со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.М.(55) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од сопственикот и неговите соседи. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од СВР Скопје.