August 18, 2019 21:41
Хроника

Скопјанец купувал дијаманти со фалсификувани евра, уапсен во Италија

Скопјанецот С.Д.(34), кого италијанската полиција го барала безмалку една декада поради милионски измами, бил уапсен случајно пред една недела на аеродромот во Милано од каде требало да се качи на лет кон Скопје, дзонава 24 Инфо. Тој веднаш бил спроведен во истражен затвор, откако судот во Милано му одреди притвор додека трае истрага за кривичните дела за кои се товари.

Според полицијата, првата измама скопјанецот ја извршил во 2010 година, откако стапил во контакт со златар од Германија. Измамникот купувал накит по добра цена и нудел кеш, па Германецот стигнал на аеродромот „Малпенса“ во Милано за да му продаде осум дијаманти и ѓердан од антички дијаманти кои датираат од 1850 година. Златарот се согласил да ги продаде за 1.400.000 евра. Измамникот му ги покажал парите, спакувани во 70 пакетчиња од по 20.000 евра и му ги дал на Германецот по што си заминал. Набргу златрот сфатил дека парите се фалсифиувани па го пријавил случајот во полиција.

Тоа не му претставувало проблем на скопјанецот, кој претходно ќарил 1,2 милион евра колку што била вредноста на накитот, па тргнал по нова жртва. По помалку од една година, измамникот ограбил уште еден Германец на кого му се претставил како бизнисмен, експерт за дијаманти заинтересиран за купување на луксузни вили во Франција, кои биле понудени на интернет. Германецот, агент за продажба, неколку пати се сретнал со скопјанецот, кој сега бил со изменет изглед, пак на аеродромот „Малпенса“ и по серија состаноци успеал да ја стекне неговата доверба.

За време на разговорите тој му се доверил на жртвата дека бил заинтересиран и за набавка на накит, нудејќи добар профит и плаќање во готово. Германецот наседнал па му дал семеен накит вреден 30.000 евра. Измамникот му дал 15.000 евра во готово како прва рата, но веќе никогаш не се виделе. Германецот сфатил дека банкнотите, кои биле во помали суми, се фалсификувани. Италијанската полиција почнала истрага и го идентификувала изманикот како С.Д.(25) од Македонија, но тој успел да исчезне.

Изммникот успевал да им бега на полицајците речиси една декада, но пред една недела , кога се вратил на „местото на злосторството“ бил забележан од граничен полицаец, кој на времето бил вклучен во истрагата. Тој приметил дека патникот во пушалната во транзитната зона на Малпенсо многу личел на С.Д., иако бил послаб. Сепак, полицаецот одлучил да го провери, па го легитимирал. Патникот транзитирал и дошол со лет од Варезе. Пасошот бил со друг идентитет од тој на С.Д., но полицаецот не се откажал и го однел патникот во канцеларијата. Таму извршиле уште една проверка по која утврдиле дека датумот на раѓање е ист како тој на С.Д., но лице чиј идентитет е на пасошот немало во базата на податоци за сомнителни лица. Но и тоа не било доволно за ревносните полицајци, па му зеле отпечатоци од прстите, по што направиле споредба со примероците од фотодактилоскопската база на податоци. Тогаш утврдиле дека отпечатоците на С.Д. се идентични со тие со патникот, по што скопјанецот бил уапсен.

 

Нови вести

И авионите гаснеа во Пинтија, пожарникарите ноќва ќе дежураат

Igor

Ставен под контрола пожарот кај Пинтија, пријавен нов во Сопиште

Igor

Се запали бугарски камион во близина на Деве Баир

Igor