0 C
Skopje
July 22, 2018
Хроника

Скопјанец крадел од кај ќе стигне

Скопјанец крадел од кај ќе стигне

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против лицето Б.Д. (39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил четири кривични дела –  “кражба“ стекнувајќи се притоа со противправна имотна корист од околу 62.000 денари.

Сите четири кривични дела пријавениот ги извршил на идентичен начин во простории од фирми – една лоцирана во централното градско подрачје и три во населбата Чаир, годинава во период од 30.04. до 06-ти овој месец. Тој влегувал во просториите на фирмите и откако ќе се уверел дека во канцелариите нема никој и дека нема да биде забележан од некого, се доближувал до работното биро на кое стоеле чантите на ошетените, ги отворил и потоа ги одземал паричниците (во три случаи), додека во еден случај го отворил работното биро кое служело како каса ги пронашол и одзел паричните сретства од дневниот промет ги ставал во џебот и незабележан од никого напуштал лице место.

По дознавањето за кривично правниот настан преземени оперативни мерки и активности при што е дојдено до сознание дека можен сторител на кривичното дело е Б.Д., при што истиот е лишен од слобода во ПС од ОН Чаир. Во извршениот разговор со пријавениот, истиот во целост ги признал и опишал начините на извршување на кривичните дела. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Related posts

По семејната трагедија во Кочани, ќерката ќе остане во болница под надзор на психијатар

24news

Полицаец повреден откако бил претепан додека бил на должност

24news

Маж со тешки повреди пренесен во болница откако бил прегазен во Скопје

24news