November 29, 2022 06:46
Хроника

Скопјанец изгорел во викендичка која се запалила од ѓубриште во дворот

На 28.09.2022 околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Стопански двор-Скопје, настанал пожар во ѓубриште во двор од викенд куќа сопственост на Д.Ѓ.(86) од Скопје.

Од пожарот била зафатена и изгорела викенд куќата, при што со повреди се здобил сопственикот, кој бил во неа.

Негов пријател го извадил, по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември”.

Пожарот бил изгаснат, а увид извршила екипа од СВР Скопје.