August 13, 2022 16:21
Хроника

Скопјанец го нападнал обезбедувањето во Градската општа болница

Приведен е 24-годишен скопјанец поради напад врз обезбедувањето на Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

„На 18.06.2022 во 14.35 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р.(24) од Скопје затоа што физички го нападнал М.С.(39) од Скопје – вработен како обезбедување во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’“, информираа од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.