June 23, 2021 07:57
Македонија

Скопјанецот кој по грешка прими втора наместо прва доза од Спутник, ќе се ревакцинира со првата

Министерството за здравство потврди дека кај нив е пријавен случајот на скопјанецот од критичната државна инфраструктура, кој наместо првата ја примил втората доза од руската вакцина Спутник В, која има различен вектор од првата, и преку Комисијата за имунизација даде препораки за конкретниот случај.

„Согласно достапните научни сознанија за ефикансоста во однос на начинот на делување на Спутник В, секундарен имун одговор се стекнува по примање на втора (бустер) доза со различен вектор. Со оглед на фактот што вакцинацијата е спроведена со вакцината Спутник В, компонент II, земајќи го предвид горенаведното потребно е да се комплетира вакцинацијата со примање на втората доза на вакцината Спутник В, компонент I“, соопштија од таму.

 

 

Преземено од Слободен печат

 

GoGoAnime gogoanime official site: Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub) (https://gogoanime.be/m/ZXMD) Episode 26

WCOStream free anime: Watch Dragon Ball Super Episode 118 (https://wcostream.cc/m/mee/ep-118)