January 17, 2019 12:27
Скопје

,,Скопска” со нов дизајн, цената останува иста

ЈСП Скопје пушти во продажба електронски картички „Скопска“ со нов дизајн. Нов дизајн имаат и двата вида картички, персонализирани и неперсонализирани. Цената и функционалноста на новите „Скопска“, останува иста како и на старите картички.Новите „Скопска“ имаат и холограмска заштита, која овозможува поголем степен на безбедност од злоупотреба.

Идејата и одлуката за новиот дизајн на „Скопска“ е симболично врзанa со планираните новини кои ЈСП Скопје ќе ги реализира во текот на годинава како набавка на нови автобуси и корекции во системот за наплата.

ЈСП Скопје планира во текот на месец април да воведе и електронски билет за едно возење, а од месец јуни да се имплементира и напредна апликација за смарт уреди со кои на граѓаните ќе им се овозможи максимална флексибилност при користење и купување на нашите услуги.
Паралено ќе биде извршена и надоградба на системот за електронска локација на возилата кој ќе овозможи попрецизно и визуелно иформирање на граѓаните со цел полесно планирање на патувањето.

Related posts

Целосно реконструиранa градинката во Радишани

24news

Панорамското тркало е стопирано

24news

ЈСП Скопје: Внатрешната контрола ќе утврди дали контролорите имаат вина во инцидентот во автобусот со број „2″

Ivona