August 22, 2019 07:11
Свет

Скици за ,,Малиот принц” пронајдени во стара куќа во Швајцарија

Скиците за „Малиот принц“ изработени од францускиот писател и пилот Антоан де Сент Егзипери се пронајдени во стара куќа на северот на Швајцарија, кадешто ги чувал еден богаташ заедно со десетици илјади други уметнички дела.

Цртежите, купени пред повеќе од 30 години на аукција во Швајцарија, биле ставени во картони и добро се сочувани, изјави Елизабет Гросман, претсавничка на Фондацијата за уметност, култура и историја во Цирих. Според неа, пронајдени се три скици изработени на хартија за авионска пошта. Сопственик е колекционерот Бруно Стефанини, кој починал во декември 2018 година, а скиците ги купил во 1986 година.

Засега, сè уште не е познато која ќе биде понатамошната судбина на цртежите за делото што го напиша Сент Егзипери во Њујорк. Писателот сам направил цртежи и илустрации за книгата.

Книгата ,,Малиот принц” е преведена на 250 јазици и продадена е во 145 милиони примероци, со што е една од најпродаваните книги во светот. Според неа, во 1974 година е снимен американско-британски долгометражен филм, а четири години подоцна и јапонска ТВ серија.

Нови вести

Во Авганистан убиени двајца американски војници

Filip

Во авион на шпански Евелоп повредени 14 лица поради турбуленции

Filip

Макрон: Да се реши украинската криза пред приемот на Русија во Г-7

Filip