January 17, 2021 08:10
Свет

Скандал без епилог во Германија – свештеник четири години сексуално злоупотребувал дете

Скандалозен случај со сексуална злоупотреба во Католичката црква во Германија кој беше откриен пред 10 години, се очекува да добие судска разврска. Неодамна, архиепископот во Келн вети опсежна истрага за ова. На крајот беше одлучено резултатите од истрагата да останат тајни.

Страшната приказна од Германија ја пренесува Дојче Веле. Свештеникот со години сексуално го злоставувал момчето. Потоа го принудил да ги признае тие дела. Покајувањето понекогаш подразбирало дека детето повторно морало да дојде кај истиот свештеник, кој ги повторувал злоупотребите.

Но, тоа е само почеток на приказната за злоупотреба во рамките на Католичката црква и нејзиното прикривање.
Сè започнало, како што тврди жртвата, во раните 60-ти години. Тој имал 11 години, а злоупотребата траела до неговата 15-та година во религиозен интернат во Бон.

И тој не е единствениот што го злоупотребиле.

„Не можевме да го опишеме со зборови, не знаевме како да го наречеме или што значи. Имавме само болка и чувство на понижување што тие нè искористуваа“, вели жртвата.

Пред точно 10 години во Германија беше откриен најголемиот скандал со сексуално злоставување во Католичката црква. Пред две години, Рајнер Марија Воелки, архиепископ во Келн, објави истражување за случаи на сексуално злоставување во неговата епархија, под која потпаѓа и интернатот во кој свештениците го злоупотребувале човекот од почетокот на приказната, кој тогаш имал само 11 години.

Но, ништо не е сторено во врска со тоа. Истрагата останала тајна, на жртвите им било кажано дека истрагата не е „правно безбедна“ и содржи „недопуштени предвремени осудувања“. Резултатите од истражувањето за злоупотребата останале тајна. Човекот од почетокот на приказната, момче кое со години било злоставувано од свештеници, морало повторно да помине низ сè, повторно било трауматизирано.

„Не можев да ги расчитам работите со насилникот, бидејќи тој почина. Но, сè уште чекам институцијата што мирно го гледаше сето тоа и го овозможи, да се преземе одговорност“, вели тој.

Pokemon Journeys: The Series (https://animeflix.nl/m/vPy5) Episode 51 at website https://animeflix.nl animeflix movie

Uzaki-chan Wants to Hang Out! (Dub) Episode 12 at GoGoAnime gogoanime tower of god