October 25, 2021 17:03
Свет

Си Џинпинг повика на искоренување на терористичките организиации во Авганистан

Шангајската организацијата за соработка (СЦО) и Организацијата за договорот за колективна безбедност (ЦСТО) мора да играат стабилизирачка улога во Авганистан и да го промовираат мирот во овој регион, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг.

Како што јавува кинеската медиумска групација (ЦМГ), Си апелираше до двете организации да ги охрабрат релевантните страни во Авганистан да се борат против терористичките организации и да ги искоренат.

Си својот говор за авганистанското прашање го одржа преку видео врска од Пекинг, и како другите лидери во двете организации, зема учество на самитот на двете организации во главниот град на Таџикистан, Душенбе.

Кинескиот лидер истакна дека земјите-членки на двете организации се блиски соседи на Авганистан, кои имаат заедничка иднина, како и сигурна заедница. Тој повика на натамошни напори за промовирање на стабилната транзиција на авганистанската ситуација и побара Авганистан да се вклучи во дијалозите за помош на граѓаните на оваа земја да ги надминат тешкотиите.

Тој посочи дека Шангајската организација за соработка и Организацијата за договорот за колективна безбедност треба да ги поддржат различните страни во Авганистан да постигнат договори за инклузивен политички договор преку дијалог и консултации што е можно поскоро, додаде ЦМГ.

-Треба да продолжиме да обрнуваме внимание на сите активности на терористичките организации во Авганистан и да ги охрабруваме различните страни во таа земја да се борат против тероризмот и да го искоренат, рече Си во видео обраќањето до самитот.

Watch Assassins Pride (Dub) Episode 12

AnimeTV Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

4Anime: Gunparade Orchestra anime episode 24 online free at https://4anime.biz 4anime unblocked

Website https://animeflix.nl: Watch Kai: The Legend of Mirror Lake animeflix Episode Full anime online

Mxsponsor: https://www.mxsponsor.com/riders/gogoanimebe

Nootheme: https://nootheme.com/forums/users/animefreakws/