June 26, 2022 23:23
Свет

Си: Неопходна е безбедносна соработка меѓу земјите од БРИКС

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека земјите од БРИКС треба да соработуваат на полето на глобалната безбедност и да ги здружат напорите да се спротивстават на политиката на моќ и конфронтацијата на блокот на светската сцена.

-Земјите од БРИКС треба да се спротивстават на хегемонијата и политиката на моќ, да го отфрлат менталитетот на Студената војна и конфронтацијата на блоковите и да работат заедно за да изградат глобална безбедносна заедница и да ја зајакнат политиката на взаемна доверба и безбедносна соработка и да одржуваат блиска комуникација и координација со главните меѓународни и регионални прашања, рече Си Џинпинг, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на кинеското Министерство за надворешни работи.

Си изјавата ја даде на седницата на министрите за надворешни работи на земјите од БРИКС, што денеска се одржува преку видео врска.

Кинескиот претседател додаде дека земјите од БРИКС мора да ги задоволат суштинските интереси на секоја членка и да го почитуваат меѓусебниот суверенитет и безбедност.

-Како позитивна, инспиративна и конструктивна сила во меѓународната заедница, земјите од БРИКС треба да преземат вистинска акција за промовирање на мирот и развојот, да ја поддржат правичноста и правдата и да се залагаат за демократија и слобода, со цел да поттикнат позитивна енергија во меѓународните односи и да направат тие се стабилни, заклучи Си, пренесен од британските медиуми.

Членки на БРИКС се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

go88 bị sập

sunwin êx