December 7, 2021 03:43
Свет

Си: Заедничка соработка во градењето глобална заедница

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ја повика меѓународната заедница да ја подобри соработката и да ги здружи силите за изградба на глобална заедница.

– Човечките активности мора да се чуваат во границите на екологијата и животната средина, рече Си во своето обраќање.

Обраќајќи се на самитот на лидерите на 15 – от состанок на Конференцијата на страните на Конвенцијата за биолошка разновидност при ОН (КОП15) преку видео врска во Пекинг, Си посебно ги истакна итните потреби на земјите во развој.

Како што пренесе Кинеската медиумска група, тој, исто така, повика на поголема помош и поддршка на тие земји во исполнувањето на двојните задачи за економско закрепнување и заштита на животната средина.

– Човековите активности мора да се чуваат во границите на екологијата и животната средина, рече Си во обраќањето.

Кинескиот претседател повика развојот на еколошката цивилизација да се земе како водич за координација на односот помеѓу човекот и природата.

– Мораме да ги решиме проблемите што ги носи индустриската цивилизација, да ги држиме човековите активности во границите на екологијата и животната средина и да спроведеме холистичко зачувување и систематско управување со планините, реките, шумите, земјоделските земјишта, езерата, пасиштата и пустините, рече тој.

Си, исто така, рече дека меѓународното право треба да се земе како основа за одржување фер и праведен систем на меѓународно управување.

Состанокот на ОН е отворен денеска во Кунминг, главниот град на југозападната кинеска провинција Јунан.