March 5, 2021 13:45
Свет

Си-Ен-Ен: Трамп утре ќе објави околу 100 помилувања и намалувања на казни

Американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува да објави околу 100 помилувања и намалувања на казни на неговиот утрешен последен ден на функцијата, соопштиле тројца извори запознаени со ова прашање, јави Си-Ен-Ен.

Во Белата куќа вчера бил одржан состанок за да се финализира списокот со помилувања кои вклучуваат службеници, познати рапери, и засега не се очекува на списокот на биде вклучен и самиот Трамп, соопштиле два извори.

Според Си-Ен-Ен, ова е продолжение на контроверзниот декемвриски чекор на американскиот претседател кога целосно помилува повеќе од дваесетина лица – меѓу кои и поранешниот шеф на изборната кампања на Трамп Пол Манафорт, долгогодишниот соработник Роџер Стоун и Чарлс Кушнер, таткото на постариот советник и зет на Трамп, Џеред Кушнер.

Помилувањата е предвидено да бидат објавени пред Трамп да си замине од Белата куќа и ќе бидат мешавина од кривични случаи и помилувања на луѓе поврзани со претседателот, рекле изворите

Watch Boruto: Naruto Next Generations (Dub) Episode 96 at website https://animefreak.ws anime freak

Watch By the Grace of the Gods Episode 7 at website https://kissanimeonline.com. See more god of highschool kissanime