Македонија

Сиљановска од Штип: Претседателот не треба да има повеќе ингеренции

Кандидатот за претседател, проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова вечерва се сретна со граѓаните во Штип.
Таа им се заблагодари на поддршката која и ја даваат во текот на оваа изборна кампања затоа што на нејзе и даваат дополнителна сила за да победи, се со цел правдата да преовладее во државата.

„Една е нашата татковина Македонија. А, татковина не се менува. Татковината не трпи придавки не и личат. Никогаш во историјата ниту на Илинден, ниту на АСНОМ, ниту на 8-ми Септември, ниту некој се борел, ниту некој мечтаел, ниту некој сонувал, ниту некој се радувал на Северна Македонија“, порача Сиљановска Давкова.

Таа додаде дека не е национализам да кажете дека нешто што немало корен, не може да фати корен во срцето, ниту може да го прими умот, па ни здравиот разум. Нема мести за придавки.

„Јас ве уверувам дека договорите се важни, меѓутоа со договор не може да се крши Устав, ниту договорот може да опстои ако е спротивен на она малку меѓународно задолжително право. Не договорите не се ни Библија, ни Куран, секој народ си има право на самоопределување, и македонскиот“ појасни Сиљановска Давкова.

Посочи дека правото на самоопределување на секој народ и нација е непотрошно право. Него го нема ако ги нема внатре името, знамето, химната и својот Устав. Власта се откажа од тоа ама не можат да се откажат во име на македонскиот народ. Бидејќи народот е носител на суверенитетот, а не власта.

„Првиот митинг го одржавме во мојот роден град Охрид, последниот во славниот Штип. Штип со херои, Штип со државници. Штип во кој дури првиот човек на партијата што е на власт рече и напиша дека Македонија е се што имаме, а сега власта го заборави тоа. За нив Македонија е се што немаме, ама ние ќе ја вратиме Македонија, зошто тоа е се што имаме“, нагласи Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова рече дека на 21 и на 5-ти мај граѓаните гордо за гордата Македонија ќе гласаат и ќе победи. Бидејќи крајот на власта е на повидок, а нејзината победа веќе е на дофат.

„Не може претседателот да направи се, јас не мислам дека претседателот треба да има повеќе функции од овие. Се плашам дека на Балканот власта особено кога е лична може да се употреби и да се злоупотреби. Ама за да прерасне македонската пролет во македонски европски реформи победата ќе значи отворање на новата ера по предвремените парламентарни избори. А, тогаш сето она за што страсно разговараме и се договараме дека мора да се случи, а е невозможно без правна држава, без просперитетна економија, без квалификувана државна и јавна администрација, со остреа битка со корупцијата и криминалот што е нивно секојдневие, со битката со фамилијаризацијата на демократијата наречена невиден непотизам ќе доведе до отворање на нова страница од македонската историја“, нагласи Сиљановска Давкова.

Појасни дека од срце посакува Македонија да добие датум на преговори за влез во ЕУ ама умот и вели тоа не е можно. Не е доволно да имате договор во раце за да се влезе во ЕУ, треба да се има европски капацитети. Треба да се има европска кондиција, треба да се почитуваат европски вредности, но нив ги нема за жал. И сето тоа на власта ќе и се соопшти наскоро.

„Тогаш што останува, останува по успешните претседателски избори и по успешните предвремени парламентарни избори, за кои се надевам дека премиерот ќе го додржи зборот овој пат, барем по тоа да остане запомнат дека еднаш го исполнил она што го ветил. Е тогаш ќе можеме навистина заедно да градиме држава со правда и правдина“, нагласи Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова на граѓаните во Штип и ширум Македонија вети дека кога ќе победи на претседателските избори ќе се избори светлината на правото и правдината да завладее во Република Македонија и да се стави крај на заевизмот кој што нанесе само зло на државата.

Нови вести

Царовска: Додатокот за трето дете ќе го примаат само семејствата со вкупен приход до 12.000 денари

Filip

СДСМ: ОД ВМРО-ДПМНЕ не кажуваат кога ќе поднесат оставка нивните пратеници обвинети за криминал?

Filip

(Видео) Стоилковски: На вечерашниот состанок на ЦО, Заев да понесе одговорност за не добивањето датум за преговори со ЕУ

Filip