December 4, 2022 19:56
Свет

Сијарто: Унгарија изземена од ограничувањето на цената на руската нафта

Унгарија доби изземање од ограничувањето на цената на руската нафта предложена од Европската унија за време на преговорите во Брисел, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

На брифингот во Брисел, пренесуван на неговата страница на Фејсбук, тој рече дека испораката на нафта преку нафтоводите, врз основа на сегашниот предлог на ЕУ, ќе биде ослободена од ограничување на цената, објави британскиот весник „Гардијан”.

„Тоа значи дека предложеното ограничување доколку биде усвоено подоцна, нема да влијае врз Унгарија”, истакна Сијарто.