August 22, 2019 01:17
Свет

Сијарто: ЕУ отворено ги поддржува шверцерите со луѓе

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто ги обвини денеска одделни западни земји, членки на ЕУ, дека „отворено застанале на страната на шверцерите со луѓе”, нагласувајќи дека таа „политички поддржана операција”, организирана од повеќе земји, се спроведува на Средоземно Море.

– Јасно е дека миграцијата може да се спречи не само на копно, туку и на Средоземно Море, но тие и понатаму го поддржуваат и отворено го охрабруваат шверцот со луѓе, истакна Сијарто во Брисел.

Тој нагласи дека е очевидно оти Брисел и некои земји имаат интерес од пристигнувањето на се повеќе мигранти во Европа.

Шефот на унгарската дипломатија оцени дека шверцувањето луѓе и поддршката од граѓанските организации „кои се вмешани во криумчарењето” ќе придвижат нови бранови мигранти кон Европа.

– Земјите од ЕУ кои сакаат да распоредат мигранти меѓу себе, си играат со оган, истакна Сијарто, додавајќи дека тие го доведуваат во опасност европејството, иднината, културата и идентитетот на Европа.

Нови вести

Во Авганистан убиени двајца американски војници

Filip

Во авион на шпански Евелоп повредени 14 лица поради турбуленции

Filip

Макрон: Да се реши украинската криза пред приемот на Русија во Г-7

Filip