September 26, 2022 02:02
Свет

Сијарто: Војната во Украина му донесе многу неволји на светот

„Војната му донесе многу неволји на целиот свет, затоа е време земјите да се обединат за мир. За да се стави крај на војната, потребен е итен прекин на огнот и мировни преговори“, најави Петер Сијарто, министерот за надворешни работи на Унгарија во објава на својот Фејсбук профил.

Во соопштението посветено на Генералното собрание на Обединетите нации, на кое Сијарто по седми пат ја претставува Унгарија, тој посочи дека овогодинешното Генерално собрание ќе биде посебно затоа што има војна во соседството.