Спорт

Сити триуфираше против Челзи, на Тухел виновен му е Лукаку

Само еден момент магија на Кевин Де Бруин беше доволно за Манчестер сити да го победи Челзи со 1:0 во дербито на 22-то коло од англиската Премиер лига.
Тој момент се случи во 70-та минута, кога Белгиецот ја доби топката некаде на средината од теренот и ја водеше до пред шеснаесетникот на гостите, каде што упати прекрасен удар.

Челзи во најголемиот дел од средбата се бранеше, додека Манчестер сити ја имаше контролата врз средбата.

Со оваа победа, пак, Манчестер сити има 56 бода, односно 13 повеќе од второпласираниот Челзи и 14 од Ливерпул кој има и две средби помалку.

Тренерот на „Сините“, Томас Тухел по денешниот пораз отворено го критикуваше својот напаѓач Ромелу Лукаку, за кого Германецот инсистираше да се врати ова лето на Стемфорд Бриџ.Лукаку оваа сезона постигна само 5 гола во Премиершип, а и самиот не е презадоволен од својот статус. Всушност, пред неколку недели изгледаше како Лукаку наскоро повторно да го напушти „Стемфорд Бриџ“ по контроверзното интервју. Изгледаше како работите да се смириле во последните денови, но…

-Изгуби многу топки во многу ветувачки ситуации и без притисок од противничките играчи.Секако дека сакаме да му овозможиме да биде во најдобра можна ситуација, но тој е дел од тимот и понекогаш треба да игра во служба на тимот. Имаше голема шанса па дефинитивно беше вклучен во тимот. Но, сите задолжени за нападот, вклучувајќи го и тој, мораа да бидат подобри, особено во првото полувреме. Тогаш имавме 8 или 9 офанзивни поседи, но никаков контакт со топката во противничкиот шеснаесетник. Тоа е голем проблем, заклучи Тухел.

Инаку, Лукаку најголемата можност за Челзи ја имаше во 47. минута од натпреварот кога одлично му асистираше Матео Ковачиќ. Но, ударот на белгискиот напаѓач го сопре голманот на Сити, Едерсон. Тоа беше единствениот шут во текот на целиот натпревар на Челзи.

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

dubbed anime ANIMEFLIX Bleach

free anime online Naruto: Shippuden

ANIMEFLIX Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Cour 2

anime online Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway

dubbed anime My Hero Academia Season 2