July 23, 2019 15:08
Спорт

Сити му подава рака на слободниот Алвеш?

Бразилецот Дани Алвеш може да се пресели во Манчестер Сити како слободен агент, вели „Глобо Еспорте”.

Тој моментално нема тим откако го прекина својот однос со ПСЖ и е во процес на барање на следниот фудбалски предизвик.

Менаџерот на „граѓаните”, Пеп Гвардиола добро го познава и верува дека може да заврши одлична работа со своето големо искуство.

Во последната сезона тој зеде учество во 34 натпревари и постигна 3 гола за францускиот шампион.

И покрај тоа што тој е во многу напредна фудбалска возраст, тој воопшто не отстапува од помладите играчи и тоа го докажа во ПСЖ.

Нови вести

Писонеро: Ракометот во Македонија поинаку се доживува, се е посветено на овој спорт

Igor

Сериозни промени во составот на САД пред Светското во Кина

zane

Академија Пандев го ангажираше првото засилување

Valentina