April 3, 2020 20:10
Македонија

Сител: Нов инцидент со автобус на „Дурмо турс“ во Гостивар

Нов инцидент со автобус на Дурмо турс утрово во Гостивар,  за среќа нема повредени, јавува телевизија сител. Патниците кои утрово се качиле на редовната линија за Скопје за кратко биле принудени да го напуштата автобусот. Поради паниката која се создала сите побегнале од возилото.

Патниците тврдат дека се блокирале задните тркала по што настанала паника во автобусот кој бил покрај постојка во градот за да собере патници.