November 12, 2019 11:58
Македонија

Систина го тужи Боки 13 за неплатен долг за операција на желудник

Бојан Јовановски – Боки 13, кој е во притвор, тужен е од приватната клиника „Аџибадем Систина“ за неплатени 19.313 евра за операција за стеснување на желудникот- СДК. Денеска требаше во Граѓанскиот суд Скопје 2 да почне главната расправа, но адвокатот му го откажал полномоштвото, немал рече контакт со притворениот Јовановски, па судењето се одложи за декември.

Судијката Лилјана Зафировска-Петреска рече дека за следното рочиште на Јовановски ќе му испрати покана во затворот во Шутка, бодејќи планира оваа граѓанска постапка да почне со негово сослушување.

Фактурата од „Аџибадем Систина“ Боки ја примил уште во април, но не ја платил. Освен за операцијата на желудникот, во вкупната сума, според полномошникот на клиниката, биле пресметани и третманот и услугите што ги добивал таму тужениот.  Во меѓувреме, Боки 13 откако е во притвор, постојано го носат во болница поради нагони за повраќање. Кога бараше пред Апелација да биде пуштен од притвор, рече дека не се чувствува добро до таа мера што животот му е загрозен. Но, од медицинската документација, судот утврди дека не е така и Јовановски е сѐ уште во притвор.

Нови вести

Рекордно покачување до 40 отсто на платите во здравството, вложуваме во медицинскиот персонал

Igor

Мицкоски на средба со претставници на организацијата „Македонија 2025“

Igor

Законски измени за потпишување Анекс на Договорот со ТАВ

Igor