September 20, 2021 23:14
Свет

Сирија стана нарко држава

„The Economist” 

Во извештај објавен од оваа британската Интернет страница „Економист” се наведува дека Сирија се претвори во нарко држава, чиј главен извоз се апчињата „Капагон” и дека употребата на овие апчиња е значително проширена во оваа земја, што им штети на младите.

Извештајот посочува дека „Каптагон” стана благослов за сирискиот претседател Башар ал-Асад, барем краткорочно, а неговата земја стана најголемиот промотор за неговата употреба во светот.

„Економист” додава дека, поради колапсот на економијата во оваа земја под товарот на војната, санкциите и репресивното владеење на семејството Асад, лековите станаа главна извозна стока и извор на тврда валута.

„Вештините” на борците од Либан и Авганистан

Сајтот забележува дека Центарот за оперативни анализи и истражувања (CОАR), консултантска фирма со седиште во Кипар, објави дека властите од други места минатата година заплениле сириски лекови со улична вредност од најмалку 3,4 милијарди американски долари.

Тоа се споредува со најголемиот легален извоз во Сирија, маслиновото масло, што изнесува 122 милиони долари годишно.

На Интернет страницата се истакнува дека Сирија била вклучена во производството и продажбата на дрога и во 90-тите години на минатиот век, кога владеела со Либан.

Долината Бека била главниот извор на хашиш во регионот, но масовното производство на дрога во Сирија почна по избувнувањето на граѓанската војна во 2011 година, кога офицерите почнаа да им даваат таблети „Каптагон” на своите војници.

Шиитските борци од Авганистан и Либан, кои дојдоа да го поддржат сирискиот режим, ги донесоа своите „вештини” во производството и трговијата со дрога.

Хемиски постројки во Алепо и Хомс

Либанското движење „Хезболах”, кое обезбеди клучна поддршка на режимот на Асад, се здоби со огромни области преку границата на сириските планини Каламун, каде го прошири одгледувањето хашиш и разви нова домашна индустрија за таблетите „Каптагон”, се наведува во извештајот

Според извештајот на „Економист”, Сирија почнала со извозот на „Капатагон” во 2013 година, додека економијата на земјата пропаднала поради војната, економските санкции и корупцијата во режимот.

Хемиските постројки во градовите Алепо и Хомс се претворени во фабрики за овие таблети.

Во извештајот се додава и дека профитот од продажбата на „Каптагон” во Заливот може да биде и до 50 пати поголем од цената во Сирија.

Полициските запленувања на „Каптагон” во странските води го откриваат обемот на оваа трговија.

Италијанската полиција минатата година на еден брод заплени 84 милиони таблети, вредни повеќе од милијарда евра.

Во Малезија запленети 95 милиони таблети

Тогаш беше соопштено дека заплената е најголемото пресретнување на лекови поврзани со амфетамините во светот.

Малезиските власти, во мај годонава, врз основа на саудиските извештаи, запленија 95 милиони таблети, а либиското пристаниште Бенгази, кое е поврзано со редовна траект линија со Сирија, е наводно главниот центар на трговијата.

Извештајот предупредува дека дрогата може да ја уништи младината оставена во Сирија по една деценија граѓанска војна, истакнувајќи дека младите луѓе кои не беа убиени, протерани, затворени или напуштени земјата станаа зависници.

WCOStream: R.O.D -The TV- (Dub) anime episode 26 online free at https://wcostream.cc free anime

Watch anime online for free at AnimeFreak watch anime online

AnimeDao: Puella Magi Madoka Magica (Dub) anime episode 12 online free at https://animedao.nl death note animedao

4Anime: Saint Seiya: Saintia Shou anime episode 10 online free at https://4anime.biz persona 4 the animation english

Bbpress: https://bbpress.org/forums/profile/animeflixnl/

Threadless: https://www.threadless.com/@gogoanimebe/activity