Свет

Сириската војска ги опколи бунтовниците во покраината Хама

Сириската војска опколи повеќе населени места во внатрешноста на северозападната покраина Хама, и напредувајќи преку џебот на бунтовничката територија, јави Фена, повикувајќи се на државната ТВ станица Икбарија.

Владините сили освоија десетина планински падини и ја проширија контролата над најголемиот автопат во покраината, јави во жив пренос сириската ТВ станица Икбарија.

Исто така, поголем дел од тој регион, кој вклучува неколку градови и нивната околина кои со години беа под контрола на бунтовниците, сега е под контрола на војската или во дострел на нејзиното оружје.