February 17, 2020 21:58
Балкан

СИРИЗА ќе гласа за Сакеларопулу за претседател на Грција

Најголемата грчката опозициска партија СИРИЗА ќе гласа позитивно за предлогот на Нова демократија, Екатерини Сакеларопули да биде претседателка на Грција, според она што го соопшти лидерот на партијата и поранешен премиер, Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас рече дека тие во Парламентот ќе дадат можност Сакеларопулу да биде избрана за претседателка со широко мнозинство и истакна дека оваа одлука на партијата е чин на одговорност.

Според ова, двете најголеми партии во грчкиот Парламент се согласуваат со можноста Сакеларопулу да биде претседател на Грција, а на гласањето закажано в среда, се очекува да биде избрана за шеф на државата со најмалку 244 гласови „за”, 158 од Нова демократија и 86 од СИРИЗА.

Во текот на денот се очекува ставот да го соопштат и останатите грчки опозициски партии.