September 22, 2019 16:47
Македонија

Синдикатот на Клинички центар го осуди нападот врз докторот од Клиничката болница во Тетово

Синдикатот на Клинички центар го осудува физичкиот напад врз докторoт дерматовенеролог вработен во Клиничката болница во Тетово.

„Овој дрзок и брутален напад извршен во присуство на органите на јавен ред и мир укажува дека и покрај сите декларативни изјави, Повелби и Декларации потпишани и искажани во изминатиот период со цел ваквите инциденти да се спречат или станат изолирани појави, истите и понатаму продолжуваат и се со зголемен интензитет и честота“, велат од Синдикатот.

Очигледно е дека, додваат од таму, докторите, медицинските сестри и останатите вработени во здравството при извршување на своите работни задачи се недоволно заштитени, и секојдневно изложени на животозагрозувачки инциденти, стварност која не ја посакуваат и не е по нивна воља.

Според Синдикатот на Клинички центар она што недостасува е превентивата, која е минимална, а во голем број ЈЗУ и во целост недостасува.

Синдикатот укажува на потребата од изготвување законска регулатива која ќе го обврзе работодавачот да обезбеди систем на професионална и ефикасна заштита од физичко и вербално насилство на вработените во здравството.

„Таков систем подразбира унапредување на здравствената и општа култура на населението., почитување на етичкиот и морален кодекс од страна на здравствениот и друг персонал, 24 часовно професионално обезбедување на сите ЈЗУ во Република Македонија со контролиран и ограничен пропуст на цивили и членови на фамилија, слично како во приватните болници, 24 часовен централен видео надзор на влезовите, излезите и поедини простории во објектите на ЈЗУ со почитување на законските и други прописи и норми за заштита на личните и други права на пациентите и вработените и останати методи и мерки кои ќе превенираат насилство“, велат од Синдикатот.

Од таму порачуваат дека се подготвени заедно со ресорното Министерство, Лекарската комора и другите комори и здруженија во здравството, Македонското здружение за заштита при работа и други релевантни чинители, преку стручни состаноци, јавни дебати и други постапки да учествува во изнаоѓање најсоодветно решение за сузбивање на вербалното и физичко насилство во здравството, кое со законска регулатива ќе го обврзе работодавачот да обезбеди превентивен систем на професионална и ефикасна заштита од физичко и вербално насилство на вработените во здравството.

Нови вести

Иванов ја доби тужбата против Антикорупциска пред Управен суд

Filip

ВМРО-ДПМНЕ останува заштитник на криминалот, СДСМ  пријавува незаконско работење и е партнер со земјоделците

Igor

„Од нас за нас”: За вакцините да постои право на избор и лабораторија за контрола на квалитетот

Igor