April 11, 2021 12:25
Македонија

Симовски: Пристапот преку VPN апликација се регистрира и се чува како доказ за упаѓање во системот

Тврдењето дека многу граѓани се попишале преку користење на VPN апликација е невозможно, бидејќи тоа се регистрира и тие податоци не одат во базата каде се складираат податоците од попишаните лица од странство, туку се идентификува и се чува како доказ за упаѓање во системот, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за телевизија „Сител”.

Со самото влегување на веб страницата за самопопишување, нагласи Симовски, лицата се предупредени за ваквата работа и се сложуваат со условите, поради што и сносат одговорност.

Посочи дека тука има и злоупотреба на лични податоци, затоа што тој што се обидува да упадне користи туѓ матичен број, бидејќи ако упаден со својот матичен број може многу лесно да се лоцира и да сноси одговорност.

Последниот податок, според Симовски, е дека денеска во 10 часот има 11 149 вклучувања во базата, но тоа не значи пополнета апликација, бидејќи во овој момент никој нема овластување да влегува во базата за тоа да го провери.

Во однос на можноста пописот на сите граѓани да биде преку интернет апликацијата, Симовски, вели дека во тој случај пописната операција би била многу едноставна и не би чинела ниту денар, меѓутоа ние како држава се уште немаме адресен регистар.

– Во пописот појдовната основа е адресата на живеење, односно живеалиштето и од тука тргнуваат сите процеси. Ова е главниот проблем, што немаме функционален адресен регистар. Агенцијата за катастар работи на воспоставување на ваков регистар, и има доста напредок, меѓутоа тоа не имплементирано на терен, изјави Симовски.

Во државата, нагласи тој, за жал барем една третина од населението не живее на адресата што ја пишува во личната карта.

Во однос на лицата кои ќе се самопопишат преку Апликацијата, а потоа ќе бидат попишани и од нивните семејства како лица во странство, Симовски рече дека е можно да се случи двојно попишување, но во тој случај за тоа лице ќе бидат земени податоците од самопопишувањето.

Апликацијата што ја користат попишувачите на терен, Симовски рече дека не е иста со апликацијата за самопишување преку интернет, и дека станува збор за систем што е работен од друга софтверска компанија, но содржината на прашалниците е сосема идентична.

Симовски, исто така, нагласи дека податоците од пописот не може да се дадат ниту на граѓанинот, ниту на било кое друго лице или институција и дека тие служат само и исклучиво за статистички цели.

Повтори дека пописот е задолжителна обврска за сите граѓани и затоа се носи Закон за попис.

Bloom Into You (https://crunchyrollfree.com/m/jpNN) Episode 13 at website https://crunchyrollfree.com. See more crunchyroll premium free

The Day I Became a God (https://wcostream.cc/m/BkYk) Episode 12 at website https://wcostream.cc wcostream