September 30, 2020 06:51
Спорт

Симовски закажа собир на жените од домашните клубови, кадетите загубија од Србија

 Тим од 19 ракометарки кои настапуваат по домашни клубови, треба на 13 декември попладне да се појават во Куманово, на првиот собир на женскиот национален тим на С. Македонија.

Денеска на турнирот во скопска „Автокоманда”, таканаречената Б кадетска селекција на нашата земја загуби од Србија со 24:31. А тимот вечерва игра со Бугарија. Утре, Македонија Б игра со Бугарија, а Македонија А против Србија.

На турнирот учествува и БиХ, а секој ќе се сретне со секого. Меѓусебниот дуел на двата македонски кадетски тима е закажан за 13 декември, од 10 часот.