October 18, 2021 06:30
Македонија

Симовски: Глупави се тврдењата дека се попишани 72 Бугари, никој нема увид во податоците

Никој досега немал пристап во базата на досега попишани граѓани за да може да изнесува какви било информации и податоци, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски за „Утрински брифинг” на прашањето за коментар на изјавата на поранешен бугарски конзул кој за бугарски медиум изјавил дека на Пописот на населението досега како Бугари се изјасниле само 72 лица.

Дури, Симовски оценува дека станува збор за „чиста глупост” и дека таквата изјава не заслужува коментар.

„Никој жив досега нема влезено во податоците кои се собрани од пописот. Ниту едно, единствено лице. Целиот систем е со однапред предвидена заштита за било какво влегување во него, па дури и од нашите вработени. Податоците ќе бидат достапни дури откако ќе заврши пописот и вкупната обработка”, изјави Симовски.

Извесниот Иван Анчев, поранешен конзул на Бугарија во Чикаго за порталот „Фактор.бг” напишал текст во кој го изнел своето незадоволство од текот на пописот во Македонија, односно од аспект на очекувањата на официјална Софија.

„На пописот што е во тек во Македонија досега како Бугари се изјасниле само 72 граѓани. Ако во Македонија за Бугари се определат само 1.000 луѓе тоа би не лишило од секакви аргументи во дијалогот со властите во Скопје”, смета Анчев.

Поранешниот бугарски конзул не ја крие лутината од ваквите поразителни бројки земајќи предвид колку бугарски пасоши им се доделени на жители на Македонија:

„Седумдесет и двајца! При 130.000 бугарски пасоши издадени на северномакедонски граѓани. Сите тие баратели на пасош кои не мора да ги наречам Бугари, пред нотар, се декларирале дека имале бугарска свест и пополниле декларација со неточни податоци, што пак потпаѓа под членот 313 од Кривичниот законик на Бугарија”.

Анчев сугерира да им се одземат пасошите на сите оние кои добиле бугарско државјанство, а на пописот во Македонија не се изјасниле како Бугари, зашто такви државјани, нагласува, не ѝ се потребни на Софија, дури оценувајќи дека многумина од тие што имаат бугарски пасош најсилно извикуваат: „Бугари-татари”.

 

ANIMEFLIX Watch anime online, English anime online HD

AnimeHeaven Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

https://animepahe.cc watch animes

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD

Hubpages: https://hubpages.com/@gogoanimebe

Cutoutandkeep: https://www.cutoutandkeep.net/users/kissanimemx