June 14, 2021 08:36
Спорт

Симеоне: Атлетико мораше да издржи на крајот

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ги сумираше впечатоците по синоќешниот натпревар од 36 коло во Ла Лига со Реал Сосиедад (2:1).

– Знаевме дека треба да го победиме противникот кој игра многу добро на гости. Игравме добро пред паузата, второто полувреме исто така беше успешно, но по примениот гол на крајот мораше да издржиме.

Ни треба одмор сега. Сезоната е исклучително тешка и крајот ќе биде многу тежок. Одиме од натпревар во натпревар. Во недела не очекува многу важен дуел (против Осасуна),  рече Симеоне.

Атлетико на две кола пред крајот е лидер во Шпанското фудбалско првенство со 80 бода, Барселона е втора со 76, Реал е трет со 75, но и натпревар помалку.

AnimeDao animedao haikyuu: Watch The Seven Deadly Sins Episode 3

AniWatch watch animes: Gintama Episode 201