Македонија

Силјан Мицевски: Му дадов 720.000 евра на Боки 13, оти ми беше кажано дека зад проектите за домови за стари лица стои Владата

Бизнисменот Силјан Мицевски, сопственик на компанијата ,,Пелистер”, на денешното сослушување на рочиштето за случајот „Меѓународен сојуз” изјави дека сумата од 720.000 евра што ја дал за проектите за домови за стари лица, не му е вратена.

Тој истакна дека ако заврши вака, ќе се чуствува измамен, додавајќи дека на една од средбите во „Меѓународниот сојуз” му било речено оти зад проектот со домовите за стари лица стои Владата.

-На еден состанок на „Меѓународниот сојуз” јас прашав како може да се откупи земјиште без градежно одобрение и тука ми беше кажано дека тоа е проект на владата и ќе оди со европско знаме, изјави сведокот Мицевски, додавајќи дека не се сеќава кој точно му го кажал тоа.

Во својот исказ пред Судот тој уште изјави дека имал голема доверба во Бојан Јовановски.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, таткото на прво обвинетиот, Миле Јовановски и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Јовановски е обвинет за „измама и перење пари”. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама”, а Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари”, Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари” и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје”. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз”.

Поврзани вести

Груевски за „Плацевите на Водно“: Криминалецот Заев праќа пораки до некои од жртвите дека ќе им пружи милост ако лажно сведочат против мене

Igor

Регистрирани 150 нови случаи на Ковид-19, починаа 16 лица

Igor

Преку фантом фирми од Македонија вршени компјутерски измами тешки 30 милиони евра

Igor

ANIMEFLIX animeflix ponyo: Kimetsu no Yaiba: Yuukaku-hen (https://animeflix.nl/m/g4ox) Episode Preview

AnimeTV animetv: Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (https://animetv.cc/m/y2am) Episode Full