August 15, 2022 20:30
Македонија

Силјановска Давкова: Она што го прави Бугарија е реприза на она што се случуваше во спорот со Грција

„Суверенитетот според нормативниот текст извира и припаѓа на граѓаните. Се знае кој може да иницира промена на Уставот, може да иницира шефот на државата, може да иницира Владата, може да иницираат пратениците, но исто така и граѓани. Ова ми личи мене како да треба да напишеме во Преамбулата суверенитетот извира од граѓаните, потоа од етничките заедници, и сега и од меѓународната заедница. Прво, не само што се бара промена на Уставот туку и роковите на постапување се одредуваат, но тоа не е за прв пат, тоа е се случуваше и со Преспанскиот договор. Значи тоа е тажна, чудна, балканска приказна, но за жал поддржана и од ЕУ”, истакна Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Ќе има ли владина одговорност за трајното нарушување на националните интереси?” организирана од ВМРО-ДПМНЕ.

Силјановска Давкова додаде дека со секоја промена на Уставот во Македонија се менува и именката.

„Точно е дека Бугарија има поинаков концепт од нас, но имавме сличен концепт со Уставот од 1991 година, и концептот беше граѓански, либерален. А, во 2001 година кај нас се смени концептот. Но, начинот на кој што сега Бугарија тоа го прави не е во ред. А, Бугарија во нејзиниот Устав не споменува малцинства и заедници ама е потписник и ја ратификувала Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата. А, пописите од 1946-та година и од 1956-та година има јасна импозантна бројка на Македонци во Бугарија која била околу 178.000. Да не говорам и за Бледскиот договор, да не говорам за автономијата. Да не говорам ноторен факт е дека таму се отворале училишта на македонски јазик, библиотеки, имало културни центри, но каде се сега тие”, запраша Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова посочи дека Бугарија со последниот предлог издејствува и барањата да се вметнат во преговарачката рамка.

„Значи, кога го читате последниот документ на Советот пред предлозите има една приказна, еден наратив, каде што од јасно стои во податоците што се наведени дека Македонија ги исполнува условите за почеток на преговорите. Оти кога гледате како се развивала оваа приказна па и ако сакате и во поглед на првиот кластер во поглед на човековите права, малцинските права, мислам ако некому ЕУ не може да замери за почитување на малцински права и тоа во поглед на стандардите, тоа е Македонија. Но, сега за жал гледаме еден друг наратив. Значи ние ќе го отвориме Уставот кога ќе сметаме дека е потребно, не може да се уценува со прво тоа па потоа почеток на преговори бидејќи така ќе не втурнат во сличен тунел како што е Преспанскиот договор”, појасни Силјановска Давкова.

Таа укажа дека Бугарија она што го прави во моментов е реприза на она што се случуваше во спорот со Грција. И тоа Бугарија го прави на Македонија бидејќи спроти нејзе нема државници и политичари кои што ќе ги бранат цврсто македонските национални интереси.

„Јас сум шокирана од речникот на премиерот за хистеријата на експертите оти јас мислев дека и тој е експерт бидејќи има титула професор. Како може премиерот така да зборува за оние кои укажуваат на политичката хистерија на сегашната власт? Оти на науката и требаат документи и податоци за да размислува. А, затоа нивните институции се тинк тенкови. Ама ако тоа завршило само во две партии, па дури и не кај коалиционите партнери и ако вие излегувате пред народот и велите дека не сте го виделе документот, тогаш тоа е политичка хистерија, а не експертите”, нагласи Силјановска Давкова.

Пратеничката додаде дека експертите сократовски се однесуваа. Експертите гласно рекоа дека предлогот од Франција не заслужува внимание и не заслужува да биде прифатен.

„Замислете министерот за надворешни работи вели дека за нас овој документ е прифатлив. Прво, кого подведува тој? Под нас. Кои сме ние? Ние кои излеговме на протестите првиот ден, вториот ден, оние кои што зборуваа за неофашистички говор, постапки. Кои се тие нас? Очигледно дека мисли на себе министерот, на министерот Маричиќ и на премиерот Ковачевски. Епа, извинете ние не сме под тие ние, туку сме некои други. А, тие се тие кои заборавиле на нас, на народот, на пратениците, на Парламентот”, рече Силјановска Давкова.

sunwin.apk mới nhất sunwin apk sunwin club

sunwin web

tải sunwin

sunwin

sunwin