Македонија

Силјановска: Ако православните христијани беа во карантин за Велигден, не мора и муслиманите за Бајрам

Професорката и поранешена кандидатка за претседател на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова на Фејсбук вели дека одлуката за воведување на полициски час за време на Рамазан Бајрам не смее да се базира на т.н. „верска еднаквост“.

-Ако православните верници беа затворени за време на Велигден, тоа не значи дека и муслиманите, заради „ рамноправност“, треба да бидат во куќен притвор за Рамазан Бајрам. Дали треба или не да има полициски час, единствено зависи од фактичката ситуација и мерката треба да биде пропорционална на реалната закана, напиша Силјановска во објавата.

Ќе има ли полициски час викендов? Одлуката за воведување полициски час/карантин, за време на Рамазан Бајрам, не смее…

Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Вторник, 19 мај 2020