December 4, 2020 23:45
Балкан

Силно невреме на југот на Грција: Улиците прекриени со мраз, мртви птици и торнада

Силно невреме проследено со дожд и град го погоди островот Крит и јужните делови на континентална Грција.

Улиците се прекриени со мраз како сред зима, а како што пренесуваат грчките медиуми, покрај тоа што градот ги уништи маслинките и разните овоштарници, настрадале и голем број на птици.

Во Неа Аликарнасос на Крит, голем број на автомобили биле потопени, а на некои улици нивото на водата се искачило на 80 сантиметри.

Жителите на Родос, Санторини и Наксос биле сведоци и на неколку торнада кои се појавиле над морето.