January 29, 2023 13:19
Балкан

Силно невреме во Далмација, Хвар побеле од град

Силно невреме со ветер и обилни врнежи од дожд и град го зафати денеска централниот дел на хрватскиот остров Хвар. Градот целосно ги прекри улиците, а наносите од мраз наместа достигнаа и 20 сантиметри. Дел од локалните медиуми невремето го опишаа како „библиско“.

Оваа појава не е невообичаена затоа што целиот Јадран е под влијание на циклони веќе неколку дена. Наврнаа и до 150 литри на метар квадратен.

Пожарникарите добија многу повици, главно за испумпување на водата од просториите на приземјето, но без значителна штета. Кај Сплит вчера имаше силно невреме. Се очекува циклон да ја погоди Македонија викендов.