January 30, 2023 03:12
Балкан

Силен земјотрес ја стресе БиХ

Силен земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтер ја потресе вечерва Босна и Херцеговина.

Земјотресот бил со епицентар на 40 југоисточно од Мостар, во близината на Столац.

Потресот бил на длабочина од 10 километри. Земјотресот е почувствуван и во Далмација, особено во јужниот дел.