December 4, 2022 20:10
Свет

Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Северна Суматра, во Индонезија.

Американскиот центар за геолошки истражувања соопшти дека земјотресот е регистриран на 40 километри североисточно од Сиболга, на длабочина од 13,2 километри.

Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика на Индонезија соопшти дека едно лице загинало, а девет се повредени.

Не е издадено предупредување за цунами.