June 24, 2022 20:58
Свет

Силен земјотрес го погоди јапонскиот архипелаг Бонин

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди далечниот архипелаг Бонин во Јапонија, југоисточно од главниот архипелаг, поради што службите најавија мала промена на нивото на морето.

Земјотресот бил на длабочина од 40 километри, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Јапонската метеоролошка агенција издаде „предвидувања за цунами”, совет што подразбира мали промени во нивото на морето за област околу голем број оддалечени острови, вклучувајќи го и Чичиџи, еден од островите на архипелагот Бонин.

go88 pro play go88 cc app tài xỉu go88

sunwin chơi ngay sunwin không nạp được tiền sunwin pro plus ios