August 21, 2019 11:43
Свет

Силен земјотрес во Јапонија

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтерова скала е регистриран денеска југоисточно од јапонскиот остров Кјушу.

Според Американскиот геофизички институт, потресот бил со интензитет од 6,4 степени. Епицентарот се наоѓал на длабочина од 20 километри под површина на земјата во крајбрежјето на префектурата Мијаѕаки.

Била објавена опасност за појава на цунами, но предупредувањето било брзо повлечено. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Нови вести

Уапсен вработен во британскиот конзулат во Хонгконг

zane

Трамп ги критикуваше Евреите кои гласаат за демократи

zane

Биариц се подготвува за Самитот на Г-7

zane