December 1, 2021 16:04
Балкан

Силен земјотрес во морскиот дел во близина на грчкиот остров Крит

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтерова скала попладнево околу 12.30 часот по локално време го погоди морскиот дел југоисточно од грчкиот остров Крит, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија.

Засега нема информации за повредени граѓани и причинета материјална штета.