December 6, 2022 20:47
Свет

Силен земјотрес во Иран, повредени се најмалку 580 лица

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди северозападен Иран, а иранските државни медиуми објавија дека околу 580 лица се повредени.

„Во овој земјотрес досега се повредени околу 580 луѓе и за среќа никој не го загуби животот“, изјави Мухамед Хасан Нами, шеф на државната агенција за управување со кризи, а пренесува официјалната новинска агенција „ИРНА“.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 11,6 километри од селото Кови во иранската провинција Западен Азербејџан и на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.

Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ) претходно објави дека земјотресот бил со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала и бил во близина на пограничниот регион на Ерменија, Азербејџан и Иран.