August 5, 2021 03:23
Македонија Хроника

Силвија Стојановска осудена на 3,5 години затвор за шверцот на 700 кг кокаин

Актерката Силвија Стојановска и нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ, денеска во Кривичниот суд беа прогласени за виновни по обвинението за транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

Актерката е осудена на казна затвор од три години и шест месеци, а Будисавјевиќ доби затворска казна од 7 години, потврдуваат од Кривичниот суд за „Фокус“.

Оттаму појаснуваат дека Стојановска до правосилноста на пресудата ќе остане на слобода, бидејќи и е укинат куќниот притвор и за неа е одредена мерка на претпазливост. А Будисавјевиќ до правосилноста на пресудата ќе остане во притвор.

Во текот на истрагата Обвинителството утврди дека во периодот од јули 2019 година до 18.12.2019 година обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралството Шпанија, од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како и повеќе лица, зеле учество во неовластено купување, пренесување и продавање кокаин во вкупна количина од 698.758 грама. Обвинетите, наводно, подготовувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување на кокаинот од Колумбија до Мадрид, Кралството Шпанија, и барале купувачи на неа.

Исто така обвинителството тврдеше дека обвинетите меѓусебно комуницирале со користење енкрочат телефонски мобилни уреди, како и енкрочат мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање евентуална полициска инсталација и дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки.

AniWatch Watch anime online, English anime online HD. Rage Comics: The Ghost Story Episode 10

KissAnime Watch english anime Online in HD for FREE. Crayon Shin-Chan: Den-O vs. Shin-O Episode Full

GogoAnime Watch anime online, English anime online - Gogoanime. Short Peace Opening (https://gogoanime.be/m/R982) Episode Full

KissAnime Youmagine: https://www.youmagine.com/kissanimemx/designs