December 1, 2020 17:56
Спорт

Силва: Би било убаво Манчестер сити да го купи Мбапе

Фудбалерот на англискиот премиерлигаш Манчестер сити, Бернардо Силва откри кого би сакал да го види во тимот на „граѓаните”.

-Килијан Мбапе. Веќе во Монако тој беше извонреден кога играв таму. Тој е и мој пријател. Ако можеме да го добиеме Мбапе, би било убаво! – рече Силва во интервју за „L’Equipe”.

Португалецот и Французинот играа заедно за АС Монако од 2015 до 2017 година.